Press "Enter" to skip to content

Марио Наумовски ќе го засили средниот ред на “пелистерци“

Екипата на Пелистер од Битола, пред стартот на подготовките го доби првото зимско засилување, во Битола доаѓа фудбалер кој во есенскиот дел од сезоната работеше со новиот тренер, Бобан Бабунски.

Се работи за Марио Наумовски, кој веќе го стави потписот на договорот со Пелистер, а  22-годишниот фудбалер ќе биде дел од средниот ред на “пелистерци“.

Наумоски својата кариера ја започна во прилепска Победа, а потоа една и пол сезоната ги бранеше боите на Брегалница. Во 2021 година се врати во матичниот клуб, од каде зимава направи трансфер во Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »