Press "Enter" to skip to content

ЈП “Паркинзи“: поевтинува паркингот во Битола

На седницата на 27.12.2022 по предлог на ЈП “Паркинзи“  беше донесена одлука со која се изменува на ценовникот за паркинг услуги со кој голем дел од услугите во јавното паркирање на отворените паркиралишта поевтинуваат.

Промените се однесуваат на нови карти од 3 часа и намалување на дневните карти во зоните “А“ и “Б“.

Зона “А“ од 55 денари за 3 часа , се намалува на 40 денари.

Зона “Б“ од 40 денари за 3 часа , се намалува на 30 денари

Дневна карта за “А“ и “Б“ зона

Зона “А“ од 250 денари се намалува на 150 денари

Зона “Б“ од 200 денари се намалува на 130 денари.

Се укинува за сите зони бесплатни 15 минути за јавните паркиралишта од отворен тип.

Оваа одлука влегува на сила од добивањето на согласност од Совет на Општина Битола , а почнува да се применува на 01.02.2023та по процесот на имплементација на промените.

More from ВестиMore posts in Вести »