Press "Enter" to skip to content

Млад битолчанец падна во Драгор и се повредил, дрога во пратка за затвореник

На 12.01.2023 во СВР Битола  е пријавено дека во коритото на реката Драгор во Битола, во близина на дрвеното мовче, има паднато лице. Интервенирале полициски службеници и припадници на Територијалната противпожарна единица Битола, при што 31 годишното лице од Битола, кој претходно паднал во реката, бил извлечен и пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани телесни повреди. 

На 11.01..2023 во Казнено-поправната установа Затвор Битола, при претрес на пратка наменета за осуденик  на возраст од 30 годибниод Ресен, пронајдени се три пакувања со прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »