-Во 2013 година, пред 10 години, во дворот на црквата “Св. Димитрија“ во Битола, на големиот празник Богојавление Христово, Водици, младиот битолчанец, Никола Свенчев, по трет пат го издави крстот од базенот во форма на крст, со осветена вода, започна со своите сеќавања за Битола пред 10 години, Димче Миновски, хроничар и доајен на битолското новинарство.Интересно е да се напомене и тоа дека Никола Свенчев и лани, во 2022 година го извади крстот од осветените боди, по четврти пат.-Јас сум голем верник и при скокањето по осветениот крст добив голема сила и успеав во намерата да го фатам крстот. По третпат да се фати крстот е неописива среќа, иако претходно не се чуствував најдобро, ќе каже тогаш Свенчев, посакувајќи на битолчани година исполнета со многу здравје, љубов лична и семејна среќа.
Наредниот ден по Богојавление или Водици, Свенчев беше примен во кабинетот на градоначалникот Владимир Талески кој на среќникот Никола Свенчев му подари икона со заштитникот на градот, светецот Свети Нектариј Битолски и парична награда.Никола Свенчев во 2013 година парите кои ги собрале од верниците ги донирале во црквата што е во изградба “Архангел Михаил“ на Баирот.