Press "Enter" to skip to content

Битолчани, љубители на мото-крос не мируваат во зима, 135 километри најголем дел по снег на неколку врвови околу Битола (фотогалерија)

Дека “моторите“ се “чивија“ како велат мотоџиите од Битола и дека кој се “качил“ на моторцикл тешто ќе се откажи од тоа, потврдија уште еднаш група битолчани кои деновиве имаа незаборавна зимска авантура кој ретко кој може да си ја дозволи. Љубителите на крос-мотори и авантуристи Горан Илиевски – Гого Ин, Владимир Стефановски – Пал, Благојче Јошевски, Ристе Јовановски, Зоки Николовски, Александар Гајтанџиев, Ванчо Најдовски и Зоран Силјановски – Чико деновиве ги пробаа своите вештини за возење и по длабок снег.

Горан Илиевски – Гого Ин за оваа несејодневна авантура со мото-крос моторцикли на сред зима од Битола прек Смилево, Ѓавато, Маловишта, Трново до Битола и за тоа колку километри поминаа и кај беше најтешко вели:-Трнавме од Битола, преку Црнеес, Загориче, Лесково, Церов, Еврејка, Сталев Камен, Смилево, Пирамида, Ѓавато, Маловишта, Цапари, Ротино, Трново, Дихово се до Битола и можам да кажам дека тоа беше несекојдневна зимска мото авантура. Започнавме по суви патеки, а снег имавме од Еврејка, односно од Пирамида на 1.656 метри до врвот Сталев Камен на 1.999 метри надморска висина. Потоа возевме по снег кај Ѓавато на околу 1.800 метри надмоска висина, и над црквата кај село Маловишта. Поминавме околу 135 километри, а кога прашувате каде беше најтешко, ќе кажам над Маловишта, а целата зимска-мото авантура траеше 6 и пол часови, од 10 до 16,30 часот.Илиевски за возењето по снег вели:-Да се вози по снег е голем предизвик, а така беше и за сите нас, бидејќи имаше места кои беа тешко проодни.  Но, ние сме сложна екипа, а со меѓусебно помагање успеавме да поминиме низ сите тешкотии, иако за прв пат возевме по толку длабок непрооден снег, кој додава дека и во иднина ќе продолжат со вакви авантури.

С.Ристевски