Страшна вест простриу во Битола, понеделникот наутро на 28 јануари 2013 година, посебно за љубителите на планината и оние кои беа редовни гости, дека во пожар изгоре планинарскиот дом “Копанки“ на Пелистер, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Пожарот во домот “Копанки“ бил после полноќ и го пеплоса домот, и покрај сите напори на присутните тоа да го спречат, но залудно, на жалост на сите кои барам еднаш биле таму и на оние кои секоја недела или друг ден престојуваа таму. За среќа во несреќата немаше повредени или загинати лица, а само неколку мина имаа благо труење од вдишување чад.
Но, секако дека тоа им падна тоа и на сите битолчани, бидејќи изгубија едно нивно култно место на Пелистер, од каде битолчани имаа понесено огромни спомени и доживеано одлични моменти.
Инаку, “Копанки“ располагаше со околу 100 кревети во кои имаа преноќевано планинари од цел свет, а беше изграден пред 80-тина години, односно, според некои иснформации пред Втората Светска војна.
И по 10 години откако изгоре до темел, а од него останаа само ѕидовите, нема реконструкција на домот “Копанки“ поради административни препреки, а често е споменуван со политичките препукувања на политичките партии.

Деновиве пред 10 години: во јануар 2013 до темел изгоре планинарскиот дом “Копанки“ (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Идеатон“ натпревар на идеи за сообраќајно инженерство и графички дизајн во рамки на 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)
- ЈКП “Нискоградба“ Битола со известување за дефект
- ЈКП “Водовод“ започна изградба на нова водоводна мрежа на улица 170-та во Битола
- 25 години од заседата кај Вејце каде загинаа четворица битолчани
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 23 степени










