Press "Enter" to skip to content

Втора победа на Пелистер на “балонот“ во Бања Лука, победена Сутјеска

Пелистет – Сутјеска 77:75

Кошаркарите на Пелистер од Битола и без повредените Стајиќ и Хаџифејзовиќ ја забележа и втората победа во овој “балон“ кој се одржува во Бања Лука, а ја победија Сутјеска во рамките на АБА2 лигата, а оваа победа значи нов чекор кон разигрувањето. Екипата од Битол имаше водство до крајот на натпреварот и на крај во драматичен финиш во последните секунди со поени од слободни фрлање дојде до победа од 77:75.

Црногорците на стартот поведоа со 8:3, а по пет минути “пелистерци“ дојдоа до првото водство од 13:12, а имаа и серија од 10:1. На крајот од првиот квартал имаа предност од 25:16. И во втората четвртина Сутјеска имаше серија 7:0 се доближи на -2. Следуваше серија на “пелистерци“ кои на одмор отидоа со +15 од елистерци реагираа Карпентер и Карутерс влегоа во серија и на вратија предноста од 7-9 поени. Црногорците беа нервозни, почесто грешеа и на крајот од вториот квартал Пелистер побегна на максимални +15 (43:28).Третата четвртина помина во доминација на Пелистер на сите линии, а одржуваа двоцифрена предност, за на крајот од третата четвртина резултатот да биде 63:47. Битолчани го контролираа резултатот во првата половина од последната четвртина, а потоа финишот беше вистинска драма. Со серија на тројки клубот Сутјеска дојде до -3 на дваесет секунди до крајот, а на 75:73, Томашевиќ погоди две слободни фрлања за 75:75. Шо тајм-аутот н Илиевски Маслинко, следуваше за три секунци акција за поени, а Малсинко доби две слободни фрлања и реализира за победа од 77:75.

Најефикасни во битолскиот табор беа, Карпентер со 25 и Караџовски со 16 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »