Press "Enter" to skip to content

Тргна возот за Жабени, следна фаза железничка линија Битола-Солун

По повеќе од 30 години, денеска, во 10:30 часот, од железничката станица во Битола се возобновува железничкиот правец од пругата, која води кон соседна Грција. Редовниот превоз на патници со воз од Битола ќе се одвива до железничката станица Жабени.

-Поврзувањето на двете соседни држави од македонска страна е завршено, а наскоро се очекува да биде рехабилитирана желеничката пруга која ги поврзува Лерин и Солун од грчка страна со што по повеќе од 30 години повторно и целосно ќе биде воспоставен железнички сообраќај од Битола до Солун, потврдија за МИА од Железници. 

Железничката пруга во должина од 18 километри почна да се обновува во 2015 година и поставени се нови шини, сигнализација, изградени се 9 мостови, 30 безбедни железнички премини, нова станична зграда и други придружни елементи за непречен железнички сообраќај и превоз на патници.

Првата железничко – патна врска на Битола со Солун е воспоставена на 13 јули 1894 година кога на населението му беше овозможено непречено патување, размена на стоки и престој во двата града.

More from ВестиMore posts in Вести »