Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Денес, сабота, 4 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе се задржи и во текот на ноќта кога на повеќе места ќе биде силен (над 80 км/час, а на планините и над 90 км/час), а тоа ќе предизвика нагло и значително опаѓање на температурата кон утре. Температурата во Битола до 7 степени.

Утре, недела, 5 февруар, во Битола времето ќе биде променливо облачно и многу студено со засилен ветер од северен правец. Ќе провејува слаб снег. Температурата во Битола до -3 степени.