Со д-р Васил Чипуровски информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за бронхопневмонија за што вели:
-Пневмонијата е инфекција на белодробен паренхим која можи да настани од бактерии, вируси, рикетсии, габи,
Почетно инфламаторните процес е лоциран во алвеолите и интерстициум потоа на бронхите, кога ќе е раширен на цел лобус има лобарна пневмонија, понекогаш кога некротизирачкото белодробно ткиво ќе се испразни во белодробни патишта се формираат кавитети шуплини и некротизирачка пнеумонија.
Најчести предизвикувачи во болниците се pseudominas aeruginisa, staphylococcus aureus додека во вонболнични услови streptococcus pneumoniae, mycoplasma pneumoniae, haemophilus influenza. Клинички најзначајна е висока температура, кашлица со експекторација на жолтозеленикав исплувок, трески, малаксаност,
Во поставувањето на дијагнозата покрај клиниката, анамнеза битни се и лабораториски параметри ЦРП, Ле, изолирање патоген од култура од спутум, рентгенографија, КТ и во поново време примената на ехото на белите дробови на кое консолидацијата се прикажува како хипоехогени зона различна по форма и големина и хиперехогени динамичен бронхограм понекогаш со пропратна плеврална ефузија па се до големи пнеумонии со хепатизација -tissue like промени на белодробниот паренхим кога личи на хипоехогени црнодробен паренхим.
Лекувањето е секогаш во зависност од причинителот и тежината на манифестација на пневмонијата кај секој пациент индивидуално со антимикробни, кортико, бронходилататори,