Делегација од општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски и претставници на Советот на општината, по повод 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, положи свежо цвеќе пред Спомен куќата на македонскиот револуционер во Битола, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење.Во чест на денешниот ден, почит одадоа и претставници на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и нивните младински организации, Левица, Сојузот на борци, други политички партии граѓански организации од Битола.
-Гоце Делчев, високо издигнувајќи го неговиот интернационален и космополитски поглед, преку неговата борба, идеали и пораки и денес ни дава поука, но и не обврзува на нашата голема должност да се грижиме за нашите вредности, да ги почитуваме традициите, да не дозволиме поделби и да го сочуваме македонското национално ткиво на достоинствен начин. Нека му е вечна славата!, стои во соопштението на Општина Битола.

Чествување по повод 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
More from ВестиMore posts in Вести »
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Билтен на МВР: 72 годишник крадел засилувачи за интернет на А1, полицијата го уапси
- Првиот ракометен трофеј оваа сезона во Битола – го донесоа кадетите на Еурофарм Пелистер
- “Креативен ден 2025“ во Битола – претставување на учесниците од СУГС “Кочо Рацин“- Скопје
- На Педагошкиот факултет во Битола прв доктор на науки за надарени и талентирани во Битола (фото)