Делегација од општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски и претставници на Советот на општината, по повод 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, положи свежо цвеќе пред Спомен куќата на македонскиот револуционер во Битола, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење.Во чест на денешниот ден, почит одадоа и претставници на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и нивните младински организации, Левица, Сојузот на борци, други политички партии граѓански организации од Битола.
-Гоце Делчев, високо издигнувајќи го неговиот интернационален и космополитски поглед, преку неговата борба, идеали и пораки и денес ни дава поука, но и не обврзува на нашата голема должност да се грижиме за нашите вредности, да ги почитуваме традициите, да не дозволиме поделби и да го сочуваме македонското национално ткиво на достоинствен начин. Нека му е вечна славата!, стои во соопштението на Општина Битола.

Чествување по повод 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
More from ВестиMore posts in Вести »
- Меморандум за соработка и одржано предавање на ОСПДПБ во ОУ ресурсен центар “Кочо Рацин“ Битола (фото)
- Со дебата на тема поврзана со европското проширување, започна Франкофонската пролет во Битола (фото)Со дебата на тема поврзана со европското проширување, започна Франкофонската пролет во Битола (фото)
- Во Битола сончево и топло со мала до умерена облачност, температурата до 23 степени
- М-р Наташа Поповска, инженер проектант во РЕК “Битола“ со искуства од Сингапур: со “вештачка природа“ до климатки решенија (фото)
- Одбележани 126 години од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк во воена гимназија во Битола (фотогалерија)