Француската Амбасада во Скопје/Француското конзуларно претставништво во Битола , во соработка со Europe House Bitola организираа дебата на тема: „Дали има алтернатива за ЕУ “ со своите гости, експертот Лукаш Мацек од Центарот Grande Europe при Институтот Жак Делор и Директор на Кампусот за политички науки / Sciences Po во Дижон и Миа Матковиќ, експерт на Француската влада во Министерството за европски прашања во нашата земја.
Пред бројната публика во Офицерскиот дом, составена од млади, студенти од УКЛО, ученици од билингвалните паралелки и од други средни училишта, академски и наставнички кадри, дипломатски претставници, претставници од невладиниот сектор, францускиот експерт, господинот Мацек го пренесе и искуството на Чешката република во нејиниот процес на приклучување во ЕУ.
Одговараше и на прашањата од исклучително проактивната публика која што со голем интерес го проследи неговото инспиративно излагање.
За атмосферата, свој придонес имаше и посебно дизајнираниот простор од домаќините на настанот, Europe House Bitola, во којшто доминираше клучниот збор на настанот ЕДИНСТВО.
Како што впрочем, и покрај сите различности Франкофонијата , со своите универзални вредности во културно и јазично единство ги обединува државите, ги обединува луѓето од сите континенти.
Со овој прв настан , на 13 март 2025 година, во Битола започна Месецот на Франкофонијата, започна Франкофонската пролет.

Со дебата на тема поврзана со европското проширување, започна Франкофонската пролет во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“





