Од денес, закупците на тезги за продажба на текстил во Градскиот пазар, имаат нов реновиран затворен простор, со современи услови кои одговараат на потребите на продавачите и купувачите.При денешната посета на пазарот, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, од страна на директорот на ЈП Пазари, Никола Гацовски, беше информиран дека, активностите се одвиваат согласно предвидената динамика, со што надминат е долгогодишниот проблем во овој дел на градскиот пазар, а комплетно е променета и старата лоша слика на објектот и извршено е негово реновирање со поставување на плочки, нови тезги и соблекувални.
Во текот на оваа недела, комплетно ќе биде завршено и расчистувањето на отворениот дел од пазарот каде што до неодамна закупците продаваа текстил. Со овие активности, просторот целосно ќе го промени својот изглед, а континуирано се работи и на нови проекти за подобрување на условите и хигиената во Градскиот пазар.

ЈП “Пазари“: реновиран затворениот простор
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: приведени тројца крадци, краделе во куќи, коли и “кладилници“, 132 возачи возеле побрзо
- Кошаркарите по поразот од Чаир продолжија со победите
- Одбојкарките на Пелистер Волеј поразени во Скопје, на поразот кумуваа судиите, од 0:2 до 3:2
- Во Битола сончево и топло со мала до умерена облачност, температурата до 19 степени
- Еурофарм Пелистер без мака на Куп завршницата, “двојката“ не успеа