Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: четири лица приведени за марихуана, физички напад

На 21.04.2026 во 17:45 часот на ул.„Караорман” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лиши од слобода две лица на возраст од 30 и 38 години, двајцата од Битола, затоа што прио преглед кај нив, кај едното лице била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветен поднесок.
 
На 21.04.2026 во 00:30 часот на пат за село Канино, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода  28 годишник од Битола  и 17 – годишна малолетничка   од с.Канино затоа што при преглед кај нив, кај малолетнилката била пронајдена марихуана и грутчеста материја. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветен поднесок.
 
На 21.04.2026 во 14:15 чaсот во СВР Битола, С.К.( 31) од Битола пријавил дека на  ул.„Караорман ” во Битола бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.