ЈП “Стрежево“ од Битола, концесионер на ски-патеката “Чука“ која се наоѓа над Ниже Поле соопштува дека вечерва ја започнува ски сезоната.
Почитувани љубители на скијањето, со создавањето на минималните предуслови за скијање, денес од 19.00 часот најавуваме почеток на новата скијачка сезона. На задоволство на љубителите на зимските спортови изминатата вечер и во текот на денот интензивно продолжија подготовките за почеток на новата скијачка сезона на Нижеполе. Дежурните екипи со помош на машините за подготовка на скијачките патеки вршат уредување на скијалиштето за беспрекорен и успешен почеток.
Промотивно ски лифтот ќе работи за сите.
Подгответе ја вашата скијачка опрема и повелете заедно да радуваме на снегот.