При посетата на Битола од страна на Н.Е. швајцарската амбасадорка Вероник Улман Марти на Битола таа имаше средба со претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, на која се разговарало за најсензитивните проблеми на граѓаните на Општина Битола и можни начини за нивно решавање, тековните проекти, како и плановите за иднина.
Претседателката на Советот на Општина Битола се заблагодари за континуираната поддршка која Швајцарија ја дава на Битола, а на средбата беше потврдено дека помошта и поддршката која ја добиваме во сите области е добредојдена и истата продолжува и во иднина.
-Нема поголема чест и задоволство кога во посета ќе Ви дојде некој кој верува во Вас, Вашата работа, го поддржува вашиот град и има континуирана соработа на секое ниво – Н.Е. швајцарската амбасадорка Вероник Улман Марти, напиша Илиевска на социјалните мрежи.

Швајцарската амбасадорка на средба со претседателката на Советот на Општина Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес се празнува Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица
- Во Битола променливо облачно, попладне дожд, температурата до 28 степени
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Претседателката Сиљановска-Давкова на средба со Советот за женско претприемништво
- Добрата соработка со кинематограферот секогаш дава чудесни резултати: Лауреатите на 47.ИФФК „Браќа Манаки“ за работата за филм





