СВР Битола до ОЈО Битола на 10.02.2023 поднесе кривична пријава против пет лица од Битола на возраст од 20, 21, 22, 26, 45 и 39 години и двајца малолетници, сите од Битола, поради постоење на основано сомнение за извршено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста“ казниво по чл.383 ст.1 од Кривичниот законик.
Имено на 10.02.2023 во 08.00 часот во населба Баир, на ул. „Караорман“ во Битола, пријавените почнале агресивно да се однесуваат кон полициски службеници кои преземале службени дејствија, сакале да ги прегазат со патничкото возило “рено“ во кое се превезувале, а фрлиле и со тврд предмет кон нив, при што повредиле еден полициски службеник.
Малку подоцна тие физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејства.
Од страна на Судија на претходна постапка, на пет им е одредена мерка притвор.