Press "Enter" to skip to content

Прес-конференција на Ларсен и Вилсон: клучни играчи потфрлија на натпреварот

По соноќешниот натпревар во Битола на официјалната прес-конференција зборуваа тренерот Ларс Валтер и ракометарот  Вилсон Дејвис, кои ја анализираа играта на Еурфарм Пелистер.Тренерот на Ларс Валтер, имаше замерки за играта на својот тим кој заврши без победник, 27:27, кој рече дека многу клучни играчи потфрлиле на оваа средба.

-Одигравме лош натпревар. Мислам дека многу наши клучни играчи одиграа под нивото. На крајот, сакам да им честитам на нашите противници од Португалија, изјави Валтер по натпреварот.По натпреварот, своите очекувања ги изнесе средниот бек на пелистерци, Португалецот Вилсон Дејвис. 

-Агуаш Санташ ни направи многу проблеми денес, одигра одличен натпревар. Ова беше тежок дуел за нас, особено во првиот дел. Потоа во продолжението успеавме да фатиме ритам, а одбраната на крајот го одлучи натпреварот и резултатот е реален. Ние мора да работиме повеќе и да да напредуваме, рече Дејвис.

До крајот на групната фаза Еурофарм Пелистер ќе игра на гостиво Берлин и дома со Мотор Запорожје.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »