Press "Enter" to skip to content

Денес стартува Купот, прв противник на Пелистер е Еуро Никел, играта на “пелистерци“ во нагорна линија

Кошаркарите на Пелистер од Битола, денеска во 17 часот стартуваат на 30. по ред финален турнир кој од пред три години го носи името на македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски-Буштур. На првиот натпреварувачки ден во салаа СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе ги даде и четирите екипи – полуфиналисти во машка конкуренција, “пелистерци“ за противник за пласман во полуфиналето ќе ја има екипата на Еуро Никел 2005.

На официјалната прес-конференција која ја организараа домаќините во име на Пелистер зборуваа тренерот Марјан Илиевски и капитенот Бобан Стајиќ.

Марјан Илиевски, тренер на Пелистер за престојните куп возбудување рече:

-Турнир во кој сите учесници имаат надеж за висок пласман, без разлика на досегашниот скор во тековното првенство. Секој натпревар е своја приказна. После првиот круг, сигурно голем фактор ќе биде ротацијата на поголем број на играчи, бидејќи се игра секој ден. Играме со екипа која има свое искуство, за нас важен фактор е враќањето на Хаџифејзовиќ и Стајиќ, а хендикеп со неиграњето на Михајлоски.

Капитенот на Пелистер, Бобан Стајиќ, за  претстојниот турнир во Купот на Македонија и првиот меч против Еуро Никел, рече:

-Сите знаеме што значи Куп-натпреварувањето, секоја година сме сведоци на многу возбудувања и изненадувања. Оваа година се надевам дека ние ќе бидеме изненадувањето во Купот. Нашата екипа игра во форма во нагорна линија, се надеваме дека тоа ќе го прикажеме и на овој настан. Играме против искусна екипа, создадена од искусни играчи кои имаат многу Куп-натпреварувања зад себе. Но, на наша страна е енергијата и младоста, така што се надевам дека тоа ќе го искористиме и чекор по чекор ќе одиме кон посакуваната цел, а тоа е прв трофеј на Пелистер во историјата.

Пелистер досега има играно само едно финале во Купот на Македонија, но е без освоена титула во натпреварувањето.

More from СпортMore posts in Спорт »