Press "Enter" to skip to content

Библиотеката потпиша меморандуми со ОУ “Гоце Делчев“ и ОУ “Св. Кирил и Методиј“ од Битола

НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола потпиша меморандуми за соработка со ОУ “Гоце Делчев“-Битола и ОУ “Св. Кирил и Методиј“ од Битола.

На средбата на директорот на Библиотеката м-р Бојан Стефановски и директоеотите на училиштата Наташа Ставревска и Жанета Тошеска беа договорени активности на библиотеката и основните училишта, меѓу кои предвидена е заемна размена на информации, знаења и искуства од областите на образованието и културата; учество, соработка и реализација на заеднички проекти, како и заедничко одбележување на значајни настани преку организирање на работилници, предавања, трибини, промоции и сл.

Библиотеката продолжува со низа настани со цел да ги интегрираме децата, учениците, младите и возрасните лица библиотеката да стане нај посакуваното место.  Битолската библиотеката е еден од столбовите на духовните, творечките, културолошките и јазичните аспекти на секоја нација, на секоја популација.

More from ВестиMore posts in Вести »