Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: поврзани физички напади, пожари од запалени стрништа, СВР со апел да не се палат

На 19.02.2023 во 05.45 часот во СВР Битола, Ј.М. (61) од Битола пријави дека во нејзиниот дом била физички нападната од А.Р. (31) од Битола. Подоцна, во 08.50 часот, А.Р. (31) од Битола пријавила дека во домот на нејзиното момче била физички нападната од неговата мајка Ј.М. (61) на што возвратила, по што била физички нападната и од В.М. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 19.02.2023 во 10.00 часот во Полициското одделение Новаци, В.К.(61) од с.Добрушево, општина Могила, пријавил дека на 18.02.2023 околу 12.20 часот од запалени стрништа настанал пожар во негова нива со насади од родни дрва. Пожарот сам се изгаснал, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

На 18.02.2023 околу 17.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на село Крклино, битолско, од запалени стрништа настанал пожар во нива кој зафатил и далновод за пренос на електрична енергија. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола и се работи на расчистување на случајот.

АПЕЛ до граѓаните- Не палете стрништа, демне опасност од пожари

Во периодот на започнување на првите подготовки за претстојната пролетна сеидба,
кога има зголемена раздвиженост на нивите  и интензивно чистење на отпадоците,
забележани се појави на палење на стрништа и сува вегетација (трева, жбунови и
слично), најчесто без непосредна контрола со што се предизвикуваат несакани
последици. Токму затоа, Секторот за внатрешни работи Битола апелира до земјоделците, но и до сите други граѓани да бидат постојано внимателни ако се движат или работат во
полето и посебно да не палат огнови, кои брзо можат да се прошират, особено ако
времето е ветровито. Во спротивно ќе се соочат со ригорозни законски санкции,
односно со соодветни поднесоци зависно од видот на пожарот и другите околности и
последици. СВР Битола презема координирани превентивни и други мерки, навреме да се
пресретнат можните причини за пожари, а во наредниот период ќе бидат засилени и
планираните контролни активности на поширокото подрачје.

More from ВестиMore posts in Вести »