Press "Enter" to skip to content

Валтер и Костовски: Фуксе Берлин е мотивација плус за сите

По двата натпревари во Битола, во Евро лигата против Агуаш Санташ и домашниот од плеј-офот против Алкалид, ракометарите на Пелистер денес ги чека гостински натпревар. “Пелистерци“ денес во Берлин, Германија, ги чека тежок натпревар против екипата на бундес лигашот, Фуксе, денес со почеток во 20:45 часот.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер, пред натпреварите од 9. коло од “Д“ групата во тимот го врати Суси во стројот, а не патуваа Ојлески и Хенеберг.

-Патуваме во Берлин со цел да продолжиме да се подобруваме, да ги имплементираме новите и задравените ракиметари во нашиот систем. Суси се враќа во екипата, но превентивно нема да настапат Хенеберг и Ојлески. Овој натпревар против врвна екипа е шанса да покажеме што работиме овој период. Шанса ќе добијат и ракометари кои играа помалку во овој период. Се надевам дека ќе ја подобриме и нашата игра “шест на пет“, бидејќи имаме многу лош учинок со ракометар повеќе. Фуксе Берлин е врвна екипа и не треба да се трошат зборови. Се работи за еден од фаворитите во натпреварувањето“, смета данскиот тренер. 

Репрезентативото крило Ненад Костески верува дека во Берлин битолчани ги чека одличен натпревар.

-Се подготвуваме за натпреварот против Фуксе Берлин, иако немаме доволно време за припрема. Игравме во неделата против Алкалоид, вчера патувавме, денес играме, и имаме многу малку време да се подготвиме. Знаеме каков противник имаме против себе, нема потреба да трошиме зборови за Фуксе Берлин, мотивира самата средба против ваква екипа. Ќе се подготвиме најдобро што можеме, па сигурен сум и верувам дека ќе дадеме максимум за што е можно подобар резултат, смета крилото Костески.

More from ВестиMore posts in Вести »