Press "Enter" to skip to content

Маја Андоновска-Илиевски: три концерти на крајот на февруари и почетокот на март во Центарот за култура

По повод стартот на концертната сезона на Центарот за култура во Битола, денес прес-конференција имаше директорката на оваа културна битолска установа, Маја Андоновска – Илиевски, која покрај за концертите зборуваше и за други активности во периодот кој ни престои.-Во викендите кои ни престотат на 24 и 25 февруари планирани се два концерта насловени како “Засекогаш во срцата“, а посеветни на Тоше Проески, за кого ова ќе биде петти јубилеен концерт и на Пепи Бафтировски. На концертите, како и досега практикуваме ќе настапат македонски пејачи, а секако и од Битола, кои досега настапувале, но ќе имаме и нови имиња кои ќе се аформираат, се ученици на средното музичко училиште каде се школувл и Тоше Проевски.  Ќе настапат Бојан Маровиќ од Србија, Викторија Ловба, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Бојан Стојков, Сефедин Бајрамов, Сара Гигова, Марија Митровска и Марија Цветановска. Сите ќе настапат во придружба на  Камерниот оркестар од Битола, рече Андоновска – Илиевска, која за следниот концерт на почетокот на март додаде:-Музичко-поетска вечер насловена како “Наша вечер“ со познатиот српски актер Иван Босиљчиќ, ќе се одржи на 3 март. Српскиот актер ќе се престави со поезија и песна, а со него доаѓа и неговиот бенд и ќе приредат уметничка вечер со возбуда од драматична изведба и врвен музички настан, посебен и ретко виден на нашите простори. 

Маја Андоновска – Илиевски се осврна на програмата што годинава е поддржана од Министерството за култураи престојниот концерт на Дувачкиот оркестар на кој ќе бидат изведени познати дестки рефрени, како и за фестивалот на монодрамата во која очекуваат гости, буквално од цел свет. Заедно со Петар Мирчевски селекторот на Фестивалот имаа добиено голем број на апликации за учество, а и тоа што фестивалот трае седум дека е малку за сите кои сакаат да настапат.

More from КултураMore posts in Култура »