Денес, вторник, 28 февруар, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно, попладне врнежи од дожд. Врнежите ќе продолжат и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 15 степени.
Утре, среда, 1 март, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Температурата во Битола до 13 степени.