Press "Enter" to skip to content

Ларс Валтер: раборевме на некои детали во играта, но ни треба и поддршка од трибините

Денес, во Битола, во вечрнио т термин, во 20,45 часот, во салата “Боро Чурлевски“ екипата на Еурофарм Пелистер со победа или реми протов Мотор Запорожје ќе имаат сигурно осминафинале, а со победа постојат опции и за трето место во групата.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, ЛарсВалтер, по подолго време ќе има долг ростер на располагање, што е неопходно за овој дел од сезоната, а за вечерашниот натпревар во Битола вели:

-Ако имаме поддршка како што нормално добиваме во нашата сала, тоа ќе ни биде од голема помош. Се надевам дека луѓето ќе вечер и ќе ни дадат поддршка. По враќањето на некои повредени ракометари, добиваме на стабилност. Имаме многу натпревари во овој период, но мора да размислуваме позитивно. Го вративме ритамот, дури и во поразот во Берлин видов добри работи. Одигравме добро, посебно бевме добри при стрпливоста во нападот. Деновиве работевме некои детали кои ќе ни послужат против Мотор, а некои ракометари имаа и ден повеќе за одмор пред дуелот против Мотор. Ќе биде тешко и сериозно ќе ги сфатиме. Играа добро во последните натпревари, но имам позитивни вибрации за вторник.

Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Мотор ќе го судат Александар Јовиќ и Недим Арнаутовиќ од БиХ, додека делегат на овој натпревар ќе биде Емил Бешлија од Црна Гора.