Press "Enter" to skip to content

Промовирана книгата “Гулабица недофатна“ од Марија Александрова во Сиднеј

Во салата на Скотс Клубот во сиднејското предградие Ахклиф се оддржа промоција на книгата “Гулабица недофатна“од поетесата Марија Александрова. Оваа културна манифестација ја отвори претседателот на македонското Литературно Друштво “Григор Прличев“, Душан Ристевски, кој говореше за поетесата и за нејзината книга “Гулабица недофатна“.

Промотор на книгата беше Катарина Ципушева. Таа со посебен израз ги опиша осумте поглавја во книгата. Опишана е патриотската душа на Марија за тешките животни периоди на Македонија и македонскиот народ. Мачните иселенички души и печалбарската лубов кон родната земја опишани во книгата. Се разбира дека човекот го одминува својот живот, но за резултат на тоа остануваат спомените. Марија ги пишува спомените на своето родно место и детските игри на сокакот.Понатаму авторката ја опишува духовната преокупација на незиниот живот кон сликарството и литературата. Опишана е лубовта кон својата рожба и во последното поглавје симболично опишана е љубовта помеѓу двајца влубени а тоа е искажани во творбата “Гулабица недофатна“.

Катарина Ципушева на крај додаде дека значаен прилог што ги збогатува и акцентира песните се и умешно изработените уметнички илустрации кои целосно се вклопуваат во содржината на оваа мулти уметничка збирка која што несомнено ке предизвика интерес и задоволство кај читателот.Брачниот пар Валентина и Никола Апостоловски наизменично ги прочитаа песните: ”Корени Македонски”, ”Таму Синко”, “Плачот на Македонија” , “Чесна Слава” , “Спомени” и “Книга”. Масата беше закитена со разнибојни цвеќиња а на едниот зид, една по една се нижеа уметничките слики изработени од вредните раце на поетесата и уметник Марија Александрова. Присутен беше и камерманот Беби Зекировски кој со својот видео објектив го овековечи настанот од оваа културна манифестација. Целата манифестација беше пропратена со звуците на гитарата од мошне познатиот музичар и верник во Бога, Томе Јовановски – Темсо. Присутен беше и Симеон Георгиевски уредник на радио час кој направи разговор – интервју со поетесата Марија Александрова, поранешна негова колешка.

Ова нека биде уште еден запис за животот и делото на поетесата и уметник Марија Александрова.

Кире Циревски

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »