Дееновиве во горната сала на црквата “Св. Петка“ во населбата Рокдаел во Сиднеј беа промовирани две книги во присуство на доста љубители на пишаниот збор и книгата.
Едната е со наслов “Исповед кон мајками Луба“ која има превод и на англиски јазик, а другата “Антологија на литературното друштво Глигор Прличев од Сиднеј“ кое беше и организатор на настанот.
Водител на програмата беше господинот Душан Ристевски од Битола познат писател, актер и режисер на драмски претстави. Тој најпрво не поздрави сите и накусо не запозна со животот и делото на Трповски. Професорката Катерина Ципушева аборуваше за содржината и значајноста на двете книги.
После тоа ни се обрати на сите и самиот автор Иван Трповски кој не поздрави им се заблагодари на посетителите, спонзорите и ценето семејство за поддршката што му ја дадоа додека тој твореше.
Инаку, Иван Трповски е роден во убавото село Волино, Охридско се доселува во Австралија во 1968 год неколку години работи во четири фабрики за стакло и прехранбени производи, потоа 20 во железница во Сиднеј, Нов Јужен Велс се до 1979 кога се пензионира. Од 1979 е активен член на литературното друштво како и прв член во библиотеката во населбата Анклиф во Сиднеј исто и член во издавачкиот одбор на списанието ПОВОД и активен член на писателски здруженија во Македонија и Австралија. Тој е автор на многу книги со проза и поезија и продолжува да пишува и во неговите рани осумдесет години исто така е многу активен општо во заедницата овде во Австралија голем патриот исто така е доста познат и во Македонија.
За господинот Иван Трповски има многу да се пишува и кажува како човек со добар карактер кој многу си ја сака својата матична земја Македонија и е добитник на многу награди и признанија во Македонија и овде во Австралија. Најпрестижна меѓу сите е од претходната премиерка на Нов Јужен Велс, Гладес Берегиклиан, за 40 годишна доброволна работа во заедницата во 2018 година и во Македонија
Во 2016 год врачен медал заслуги за Македонија од претходниот претседател на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во Охрид.
За животот и делото на Иван може да се напишат многу страници има и многу да се кажува но ова е краток прилог за сите што го следат порталот и ако сакаат да споделат.
Славица Марцевска, Сиднеј











