Press "Enter" to skip to content

Младите “пелистерци“ немаа сили против Вардар (фото)

Еурофарм Пелистер – Вардар 18:25 (7:12)

Младите ракометари на Еурофарм Пелистер во Битола се поразени од Шампионот на Македонија, во натпревар во кој фаворитот Вардар не им дозволи ништо повеќе од пораз, и сосема заслужено славеше со резултат 18:25, полувреме  7:12.Првото полувреме само во првиот неколку минути беше изедначено, со гол предност за Вардар, 4:5, а потоа следуваше серија на гостите 0:6 за да биде 4:11. До одморот екипата на Еурофарм Пелистер не успеа да ја намали разликата и првото полувреме заврши 7:12.Во истото темпо продолжи и второто полувреме, а младите момци на Александар Јовиќ само преку Павле Петровиќ, кој погоди осум пати,се обидуваа резултатот да го намалат. На крај беше 18:25, доволно Вардар да остане на првото место.Кај Еурофарм Пелистер најефикасен беше Павле Петровиќ со 8 постигнати гола, а следува Ивановски со 4. Кај Вардар најефикасен Дејан Манасков со 13 постигнати гола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »