Press "Enter" to skip to content

Ева прва во Грција, Ангела на Попова Шапка – одличен викенд за “пелистерци“ (фото)

Скијачите на ски клубот Пелистер од Битола викендов кој изминува имаа одлични пласмани и настапи на домашните ски-патеки и на меѓународен план.Ева Милевска  го освои златниот медал на меѓународната трка FIS Children во Василица, Грција, во велеслалом,  а тката ја извози во тешки услови, а судиите беа на ивица дали да се вози или не. На овој меѓународната трка FIS Children велесламом беа пријавени 170 натпреварувачи во двете категории У-14 и У-16.Иако и денес Милевска очекуваше висок пласман на слаломот, таа не ја заврши трката. Милевска по првата трка беше втора, со одличен старт во втората трка.

Скијачите на Пелистер настапија и на скијачкиот алпски куп за деца на Попова Шапка, во велеслалом, каде првото место го освои Ангела Ристовска.Матеа Нолева бешена 5. место како и Марко Аноски, а Јаков Мицевски не ја заврши трката. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »