-На објавените листи од танцовата светска федерација WDSF Катја Козарова од Битола, натпреварувачка од спортски клуб “Step up“ Битола се наоѓа на третото место, во категорија Junior I латино соло.
Катја Козарова е натпреварувач од танцовиот спортски клуб “Step up“ Битола. Таа има 12 години, ученичка е 7 одделение во ОУ “Гоце Делчев“ Битола. Активно се натпреварува изминатите шест години и постојано забележува напредок во постигнати резултати.Во текот на минатата година учествуваше на повеќе натпревари во државата и регионот. Со нејзина напорна работа и посветеност од нејзиниот тренер Јагода Димовска во 2022 година освои 15 златни, 8 сребрени, 3 бронзени медали, на два пати беше пласирана на 4. место, а еднаш на шесто.
Моментално на објавените листи од танцовата светска федерација WDSF се наоѓа на третото место. Во категорија “Junior I“ латино соло, на денес објавените листи од танцовата светска федерација WDSF се наоѓа на третото место.