Press "Enter" to skip to content

Никола Стојановски од Битола втор на мастерсот во “Б“ дивизијата и го трасира патот за првата лига во билјард

Вториот мастерс во “Гран клуб“ од Скопје беше само најава на битолските билјард играчи за доминација и во “Б“ дивизијата, кој овој пат се играше на девет маси.  И покрај неколкуте откажувања во последен момент сепак со 12 од вкупно 48 колку што беа пријавени, билјард играчите од Битола беа најбројни.

Најуспешен овојпат беше Никола Стојановски кој што со играњето во финалето е исто така втор и во генералниот пласман кој што води во првата дивизија. Самостојните подготовки и тренинзи со туторијали од тренерот Горан Думевски – Панчо се покажаа многу корисни за Стојановски и е договорено истите да продолжат.

Дека само со тренирање се гарантирани успесите и овојпат покажаа Тони Петровски со три сигурни победи и само еден пораз. Младиот 14 годишен, Илија Димовски, покажа најдобра и технички нај дотерана игра со најмногу “брејк енд ран“ игри и со тоа најавувајќи дека неговото време допрва доаѓа.

Од неколкуте кои имаа епизодна улога вреди да се спомене учеството на Нури Адемоски за кој ова беше дебитантски настап но и последен за оваа година. Имено и покрај тоа што нема да настапува повеќе поради заминување во странство сепак победи желбата да биде и тој дел од Државен шампионат. Игор Димовски имаше исто така дебитантски настап, а исто така и Слободан Трајковски, скопјанец кој настапува за Лонгиони.

И овој Турнир го водеа двоецот Горан Петровски и Горан Думевски од Битола во својство на делегат тоест судија.

More from ВестиMore posts in Вести »