Полициски службеници од СВР Битола денеска во Битола спроведоа превентивна активност во рамки на кампањата на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“, чија цел е доближување до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење со заедницата, важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет.Портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова, информираше дека на овој начин полицијата е поблиску до граѓаните и дејствува кон зајакнување на довербата, во интерес на заедницата, се со цел обезбедување побезбедна средина за живеење за сите граѓани.
Градоначалникот Коњановски, нагласи дека локалната самоуправа, ја поддржува оваа кампања, а локалниот совет за превенција, преку работата на сите институции во негов состав, настојува да се подобри животот на граѓаните.
Проактивниот пристап ориентиран кон решавање на проблеми, има за цел континуирано и планско работење на спречување на криминалитетот и останатите потенцијални опасности за граѓаните, што овозможува и заедничка одговорност за решавање на проблемите.

СВР Битола: го зајакнуваме партнерството меѓу полицијата и заедницата
More from ВестиMore posts in Вести »
- Фарук Мемиќ еден од тренерите на младинците на Еурофарм Пелистер од Битола: очекуваме да бидеме изненадување во Келн, одиме мирно и сталожено до нов успех
- Претставени мерките за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025
- Кога инфлацијата ти чука на врата, а Excel табелите ти изгледаат како хиероглифи
- СВР Битола: тројца малолетници повредени на судар на два моторцикли, лекарка пријави физички напад, физички напад, приведување…
- “Овде секое дете има шанса да заблеска“ – прослава на знаењето и трудот на учениците од ОУ “Стив Наумов“ Битола (фото)