Press "Enter" to skip to content

Денес во 19 часот, на плоштадот “Магнолија“ во Битола, протест “Сите сме Јана“

Денес во Битола ќе се одржи протест под мотото “Сите сме Јана“  за прераната смрт на шестгодишното девојче Јана Христовска, од битолско Кравари, кое минатата недела почина во битолската Клиничка болница по примена инфузија.

Протестот е закажан за 19 часот на плоштадот “Магнолија“, а организатори се семејството, роднините и пријателите на Христовски.

Организатор на протестот е Игор Петковски, кој во објавата на Фесјбук вели:

-Низ времињата наназад сум водел многу заеднички битки со вас драги браќа и сестри битолчани, НО ова ми е најтешка,најемотивна и неопишливо жална и болна….
Битката за барање #ПравдаЗаЈана која однапред знаеме дека институционално ја губиме не претставува битка на која треба да застанеме и да го кажеме добро познатото тридецениско “ТОА Е” Туку да се ОБЕДИНИМЕ, да се видиме сите, среда 29.03 на плоштад “Магнолија“ во 19:00 часот, да кажиме ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ, дека нашиот кренат глас е наше ПРАВО,тоа е наша појдовна точка од која треба ЈАСНО И ГЛАСНО да кажеме ДОСТА Е!
More from ВестиMore posts in Вести »