Press "Enter" to skip to content

Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)

Вечерва во Малата сала на Центарот за култура во Битола свечено беше отворен 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм, во присуство на наградените, жири комисијата и љубителите на аматерскиот документарен филм.Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Битола – Тони К0њановски кој нагласи дека се надевам дека идното 35 годишни издание ќе биде најголемо и ќе има најголем број на филмови и автори. -Секоја година со овој фестивал го започнуваме празнувањето на 4-то ноемвриските празнувања по повод ослободувањето на Битола, а оваа година имаме плодно издание, акко не информираа организаторите имаме 92 аматерски документарни филмови. Затоа сакам да му честитам на Стефан Хаџиантоновски и неговиот тим за сите досегашни организации на овој фестивал и секако на Народна техника. Овој фестивал не е само гордост на градот, туку и на цела држава и пошироко. Сите автори, студенски, професори, аматери… преку овие кратки филмови ни го прикажуваат реалното, ни ја прикажуваат денешницата, секојдневието. Со овој фестивал се оддава големо признание на браќата Манаки, а ова се продолжува и дикументаристиката на Битола. Стефан Хаџиантоновски – претседател на кин0-клубот “Студио Милтон Манаки“ се обтати на присутните и рече рече:-Радосен сум вечерва бидејќи 34 пат по ред го отвораме овој фестивал, 34 години правиме филмска магија во Битола, го продолжуваме делото на Милтон Манаки. Оваа година ние прославуваме голем јубилеј, 120 години откако Милтон Манаки го освои златниот медал во Романија, и го доби лично од кралот, медал за фотографија, која е тука изложена. Во 1946 година е формирана Народна техника, а тогаш Милтон одржува предавање. Во 1956 година е снимен првиот документарен филм во Битола, а тоа се големи јубилеи за Битола. Хаџиантоновски рече дека  на конкурсот за испраќање на документарни филмови пристигнале 28 филмови, а во конкуренција се ставени 12, а сите ќе бидат прикажани во двата фестивалски денови во Малата сала.Жиро комисијата во состав: Благојче Божиновски  – претседател, м-р Гоце Господиновски, д-р Антон Антонов, Аликвиадис Восд и Димитар Спасевски донесе одлука најголемата  награда на Фестивалот GRAN PRIX  наградата „Плакета Милтон Манаки” за најдобар филм на фестивалот да му се додели на филмот „МОЈОТ СИН“ на авторот Маријан Стевановски од Македонија.„ЗЛАТНА КАМЕРА 300“ за филмот „Современиот Манаки“ од авторот Горјан Атанасов од Македонија.“СРЕБРЕНА КАМЕРА 300“ за филмот „ГАГАРИН И ВАРНА“ на авторот Валентин Иванов од Бугарија.

“БРОНЗЕНА КАМЕРА 300“ за филмот „КУМСТВО, ВЕРА И ДУХОВНА ВИЗИЈА“ од авторот Надица Петковиќ од Македонија.“СРЕБРЕН МЕДАЛ НА UNICA му се доделува на филмот „СРЦЕ ШТО ПАКУВА КУФЕРИ“ од авторите Никола Трајковски & Андреј Митревски од Македонија.ПЛАКЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА НАЈДОБРА КАМЕРА на авторот Ајсу Салиевски од Р.С. Македонија, за филмот „ НАЗАД ВО ВРЕМЕТО“.ПЛАКЕТА ЗА РЕЖИЈА „ДРАГИ САВЕВСКИ“ на авторот Апостол Фанев, Красимир Георгиев и Нико Мајеров од Бугарија за филмот „ЗА ВЕРАТА“.

ПЛАКЕТА ЗА МОНТАЖА на авторот Иван Ваххи од Узбекистан, за филмот „ШЕХОВИОТ ПАТ. НА ПОЧЕТОКОТ“.ПЛАКЕТА ЗА ИДЕЈА „СТЕВО СИДОВСКИ- СИДО“ на авторот Џејмс Калмерс од Велика Британија, за филмот „КАКО БИТЛСИ ГО ДОБИЈА ИМЕТО“.

ПЛАКЕТА ЗА РЕПОРТАЖА на авторот ЏИМ КАСТРИОТИ РЕЏЕПИ од  Македонија за филмот „ПРЕСПА“.Стручното жири одлучи да бидат доделени и Специјални награди-плакети Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола (УКЛО КОЛОРС), Сергеј Шутју од Русија за филмот „ДИЛЕМА НА СЕВЕРОТ, за трајни вредност, на “Студио КЛИН“- при Професионална гимназија по економија од Шумен – Бугарија и на Евелина Швидченко од Молдавија, за филмот „КИРНЕВ ОД ТРАКИЈА“. Со отворањето на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“, вечерва започнуваат настаните поврзани со одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »