Press "Enter" to skip to content

Понудата и побарувачката на вештини презентирани на ФИКТ – Битола

Во соработка со Советот за развој на тренингот и обуките во рамките на Стопанската комора, на Факултетот за информатички и комуникациски технологии- Битола се одржа тркалезна маса на тема: „Усогласување на понудата и побарувачката на вештини- клучен фактор за создавање профитабилни бизниси.“

Целта на тркалезната маса беше да се обезбедат предлози за усогласување на понудата и побарувачката на вештини на локално и регионално ниво што претставува клучен фактор за одржување на продуктивноста, како и за унапредување на системот за стручно образование и обука којшто мора да ја следи побарувачката на вештини.Проф. д-р Благица Новковска, национален експерт за проценка и за анализи на пазарот на трудот и образованието, ги презентираше резултатите од „Анализата за понудата и побарувачката на вештини во петте плански региони (Скопски, Вардарски, Источен, Југоисточен и Пелагониски регион во Северна Македонија), што претставуваше појдовна основа за дискусијата со пристутните.  

Фокусот на дискусијата беше ставен на прашањата за главните фактори на страната на побарувачјата на релевантните квалификации, главните фактори од страна на понудата на квалификуван кадар и како побарувачката се изразува преку слободните работни места и платите.

 

More from ВестиMore posts in Вести »