Press "Enter" to skip to content

“Новинарски спринт“медиумска работилница во Горната Гимназија (фото)

Во гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Битола се одржа медиумска работилница, “Новинарски спринт“, на која под менторство на професорот Никола Трајковски учество зедоа дваесетина ученици и членови на училишниот весник и младинското радио.Ротилницата, која предизвика голем интерес беше во организација на Институтот за комуникациски студии, а на сите учесници им се обрати и им посака успешна работа директорката на Гимназијата, Лидија Споа. Работилницата беше во оганизација на Институтот за комуникациски студии – ИКС, која е научно-истражувачка установа, фокусирана на образование и истражувања за медиуми и комуникации.Со битолските средношколци беше дискутирано за дезинформации, информациски манипулации и како да препознаеме лажни фотографии и вести, а се разговараше и за кои теми би пишувале, ако би биле новинари. Исто така беа анализирани медиумски содржини, а учениците беа и уредници на вести.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »