Пред 10 години, на крајот на мај, Битола се претвори во голема црква, Битола беше во молитва за светецот св. Николај – Чудотворец, чиј мошти од Бигорскиот манастир беа донесени од страна на архимандритот на Бигорскиот манастир, Партениј, и неговите свештенослужители, а верниците имаа ретка прилика да бидат миросани, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Свештениците кои ги имаше во голем број ја поведоа литијата, илјадници битолчани ги следеа до параклисот на овој светец, кој се наоѓа кај “Гроздот”, каде што била црквата “Св.
Никола“, урната за да се изгради станбениот комплекс, а битолчани со молитва настојуваа да се доближат до архимандритот Партениј и да ги допрат моштите на заштитникот на “неговиот“ манастир.И наредниот ден Битола се продолжи со свеченостите, откако верниците во црквата “Св. Никола“ во населбата “Боримечка“ цела ноќ ги целуваа и бдееја пред моштите на светецот. Со овие настани два дена Битола се претвори во голема црква и на сите страни одекнуваше молитвата на верниците за големиот светец.
Благодарние на архимандритот Партениј и владиката на Преспанско-пелагониската епархија г. Петар, Битола ја имаше таа несекојдневна чест да ги пречека моштите на нашиот светец Св. Никола, еден од најпознатите светци во христијанството. Исклучителен ден, којшто нашите верници вечно ќе го паметат, бидејќи ретки се приликите да се чуваат моштите на светецот св. Николај – Чудотворец, рекоа тогаш свештениците.

Деновиве пред 10 години: два дена Битола беше миросана и се претвори во голема црква (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Високостручна конзервација на фрескоживописот од 12 век, на оригиналните фрески, меѓу кои е и фреската на познатиот “Ангел од Курбиново“ – Белиот Ангел (фото)
- Деновиве пред 10 години: мото-тура и моторџиско дефиле низ Битола (фотогалерија)
- Генерацијата 2004/05 поздравена од Битола пред шампионската промоција на годинашниот шампион (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: по три години без бокс во Битола, два клуба на државно, Бранител и Пелбит (фото)
- Деновиве пред 10 години: и со отворен ден одбележан денот на основањето на УКЛО (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Битола дел од проектот “Одржливо управување со отпадот на локално ниво“
- Националната опера и балет гостува во Битола со балетот “Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев во Центар за култура
- Оддадена почит на загинатите бранители од Битола и Новаци кај Гајре
- Менде Граматковски, директор на “Стрежево“ Битола: започна новата сезона за наводнување на земјоделските површини (фото)
- Фото вест: започнаа подготвителните работи за изградба на кружниот тек кај “Ветеринарна“