Пред 10 години, на крајот на мај, Битола се претвори во голема црква, Битола беше во молитва за светецот св. Николај – Чудотворец, чиј мошти од Бигорскиот манастир беа донесени од страна на архимандритот на Бигорскиот манастир, Партениј, и неговите свештенослужители, а верниците имаа ретка прилика да бидат миросани, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Свештениците кои ги имаше во голем број ја поведоа литијата, илјадници битолчани ги следеа до параклисот на овој светец, кој се наоѓа кај “Гроздот”, каде што била црквата “Св.
Никола“, урната за да се изгради станбениот комплекс, а битолчани со молитва настојуваа да се доближат до архимандритот Партениј и да ги допрат моштите на заштитникот на “неговиот“ манастир.
И наредниот ден Битола се продолжи со свеченостите, откако верниците во црквата “Св. Никола“ во населбата “Боримечка“ цела ноќ ги целуваа и бдееја пред моштите на светецот. Со овие настани два дена Битола се претвори во голема црква и на сите страни одекнуваше молитвата на верниците за големиот светец.
Благодарние на архимандритот Партениј и владиката на Преспанско-пелагониската епархија г. Петар, Битола ја имаше таа несекојдневна чест да ги пречека моштите на нашиот светец Св. Никола, еден од најпознатите светци во христијанството. Исклучителен ден, којшто нашите верници вечно ќе го паметат, бидејќи ретки се приликите да се чуваат моштите на светецот св. Николај – Чудотворец, рекоа тогаш свештениците.

Деновиве пред 10 години: два дена Битола беше миросана и се претвори во голема црква (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер го победи МЗТ сред Аеродром, го симна од првото место и закажа полуфинале со нив
- Во Битола се одржа Економски форум посветен на развојот на извозот (фотогалерија)
- Прес-конференција на градоначалникот Коњановски: од транформаторот до булеварскиот влез
- Отворена изложба на вредната уметничка колекција во Ректоратот на УКЛО Битола (фотогалерија)
- Полскиот амбасадор во прва официјална посета на Битола










