Press "Enter" to skip to content

Работилница со примена на виртуелна реалност на ИПА регион Битола (фото)

Во рамките на проектната активност „Поттикнување на креативноста кај ИПА членовите преку примена на виртуелна реалност“, Интернационалната полициска асоцијација ИПА- Регион Битола и Здружението за социјални иновации ВР ЛАБ- Битола, реализираа работилница за развој на вештини со примена на виртуелна реалност. Членовите на ИПА има можност да се запознаат со виртуелната реалност како можност за развој на вештини, преку користење на практични апликации кои овозможуваат поттикнување на креативноста.Информатичката и комуникациската технологија драстично го промени начинот на живот. Новите откритија и иновативни пристапи овозможија откривање на нови методи и процедури за реализација на различни активности. Тоа ја зголемува продуткивноста и открива нови можности. Имајќи го во предвид фактот дека напорите сé повеќе се фокусирани кон дигитализација, се наметнува потребата од иновативни пристапи во неформалното образование во делот на обуките на членовите на ИПА- Регион Битола.Развојот на вештини преку примена на виртуелна реалност претставува технолошка иновација и иновација во процесот, што овозможува осовременување на процесот на стекнување на знаење. Проектот во основа ги користи промените како можност за реализација на активности кои се однесуваат на примена на ИКТ технологијата во процесот на стекнување на знаење. На денешната работилница ИПА членовите Регион Битола беа во состојба да комуницираат со околината преку сценарио (околина во навидум вистинска или физичка форма) преку специјализирана електронска опрема, вклучувајќи очила (едноставни прикази за на глава) и 3Д слики.

Денешното искуство кај ИПА членовите- Регион Битола ги мотивираше да размислуваат за нови искуства и идеи за развој на вештини со примена на виртуелна реалност, потенцирајќи ги заложбите за организирање на следни работилници од ваков вид.

 

More from ВестиMore posts in Вести »