Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: мото-тура и моторџиско дефиле низ Битола (фотогалерија)

Кога се зборува за Битола се употребуваат неколку епитети, град на клавирите, на серенадите, на билдерите, на ракометот, но и на моторите. Битола од секогаш била град на моторите, а за тоа имам пишувано во многу текстови, новинарски написи, а сега ќе се потсетиме како беше во Битола пред 10 години, кога во нашиот град се одржа мото-тура и моторџиско дефиле низ улиците, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Битолските моторџии од мото клубот Конзули беа домаќини на македонските и балканските љубители на моторите, а на плоштадот “Гоце Делчев“ дојдоа околу двесте моторџии, кои на битолчани им ги претставија своите моторцилки, а потоа сите заедно
имаа дефиле нив битолските улици, вели Миновски.Инаку, во 2013 година беше трето по ред вакво собирање кое мотоклуб Конзули го организира во Битола, со гости од цела Македонија и од соседните земји.  Покрај, да ја наречам, “изложбата“ мотори на Широк сокак, се одржа дефиле, а моторџиите дружење го продолжија и во дворот на црквата “Св. Богородица“ во селото Трново со настап на две рок
групи од Битола.“Конзулите“ моторџии  како како добри домаќини сите гости кои беа во Трново и сите намерници ги почестија со традиционален битолски појадок чкембе-чорба.