Кога се зборува за Битола се употребуваат неколку епитети, град на клавирите, на серенадите, на билдерите, на ракометот, но и на моторите. Битола од секогаш била град на моторите, а за тоа имам пишувано во многу текстови, новинарски написи, а сега ќе се потсетиме како беше во Битола пред 10 години, кога во нашиот град се одржа мото-тура и моторџиско дефиле низ улиците, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Битолските моторџии од мото клубот Конзули беа домаќини на македонските и балканските љубители на моторите, а на плоштадот “Гоце Делчев“ дојдоа околу двесте моторџии, кои на битолчани им ги претставија своите моторцилки, а потоа сите заедно
имаа дефиле нив битолските улици, вели Миновски.Инаку, во 2013 година беше трето по ред вакво собирање кое мотоклуб Конзули го организира во Битола, со гости од цела Македонија и од соседните земји. Покрај, да ја наречам, “изложбата“ мотори на Широк сокак, се одржа дефиле, а моторџиите дружење го продолжија и во дворот на црквата “Св. Богородица“ во селото Трново со настап на две рок
групи од Битола.“Конзулите“ моторџии како како добри домаќини сите гости кои беа во Трново и сите намерници ги почестија со традиционален битолски појадок чкембе-чорба.
Деновиве пред 10 години: мото-тура и моторџиско дефиле низ Битола (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: отворен вино бар “Буре“ во Битола (фотогалерија)
- Битолчани се израдуваа Еурофарм Пелистер освои бод голем како планина (фотогалерија)
- Бутката за “компирчињата“ која беше на Широк Сокак, кај Османлијата, во Битола замина во историјата (фото)
- Деновиве пред 10 години: осветено црквичето “Св. Ѓорѓи“ во Старски дом во Битола (фото)
- На патеката на славните во Битола откриени три нови златни ѕвезди (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)