Press "Enter" to skip to content

Ординација “Д-р Чипуровски“: чир на желудник или дуоденумот

Со д-р Васил Чипуровски информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  Овој пат д-р Васил Чипуровски зборува за чирот на желудник или дуоденумот, за што вели:

-Чирот на желудник или дуоденумот е ограничен дефект (рана) на слузницата придружен со воспалителна реакција на дното и рабовите од дефектот. Улкусната болест се рангира во психосоматски заболувања со мултипла етиологија од стресни состојби, неврози, користење на пржена зачинета храна лута, прекумерно користење на газирани пијалоци алкохол, тестенини со адитиви, користење на антиреуматици, цитостатици, антитромботици, орални антикоагуланси, гликокортикостероиди Хеликобактер пилоти инфекцијата, генетиката, О крвната група итн.Нарушениот баланс помеѓу заштитните фактори како мукусот, простагландинската секреција на слузницата, добрата циркулацијата и брза  епителизацијата на слузницата и штетните фактори како пепсин прекумерно лачење на HCL, жолчните соли кај ГЕРБ водат до формирање на улкусна болест или чир.

Клиничката манифестација е со силни болки во дадена точка епигастрично на гладно кај чир на дуоденум и после внес на храна кај чир на желудник, чувство на надуеност на стомакот, подригнување, гадење понекогаш повраќање на бистра содржина или крв .

Дијагнозата се поставува со анамнеза ртг снимање со бариумова каша и најточно со  гастроскопија а како скрининг метода на насочување и ехографијата во поново време. Лекувањето е со Х2 блокатори на водородни пумпа како  пантопразол есомепразол, различни антациди, пробиотици хигиено-диететски режим и интервентно ендоскопски или хируршки при значајни крварења или перфорација или пенетрација на улкусот во соседен орган или абдоминална шуплина со појава на акутен перитонитис.