Press "Enter" to skip to content

Ротари Дистриктна конференција на Ротари Дистриктот 1912 (Македонија и Словенија) за прв пат во Битола (мега фотогалерија)

Денес во Битола беше обоена во знак на Ротари Интернационал, односно во знак на Ротари Дистриктна конференција на Ротари Дистриктот 1912 (Македонија и Словенија), која за прв пат се организира во Битола и во Македонија. Дистриктна конференција се одржа во Народниот театар во Битола, а на неа присутавуваа членови на ротари клубовите на двете земји. Со Ротари Дистриктна конференција претседавање Раде Христовски, Гувернер на Ротари Дистриктот 1912 (Македонија и Словенија), која на конференцијата на  на која се сумираат резултатите од работењето во ротаријанската година, која е на истек, и се носат важни одлуки за понатамошното функционирање рече:-Најчеста пракса е овие конференции да се одржуваат во местото од каде што потекнува Гувернерот на Дистриктот, а тоа е Битола, мојот роден град, а ова е добра можност, покрај со ротаријанските работи, гостите на конференцијата да се запознаат и со културата, историјата и знаменитостите на местото, а на почетокот ги поздрави сите ротари пријатели кои се во Битола, луѓе кои Светтката заедница ги посакува и им посака добредојде во Битола. -Денес сме собрани сите кои сонуваме за Ротари и кои го светот го замислуваме  онаков каков што сакаме да биде.  Ми претставуве чест и одговорност како Гувернер, оваа конференција да биде во мојот град.  Ви благодарам што се одзвавте на поканата и дојдовте од сите страни, од САД, Грција.., но за жал со некои ни се поклопија датумите на конференциите и не се тука. Во оваа прилика кога светот е пред големи предизвици на повеќе полиња се повикуваме на нашите пораки.Присутните на конференцијата ги поздрави и министерката за култура Бисера Костадонива – Стојчевска, која рече:-Чест ми е да ве позрдавам од мое лично име во име на Владата и министерството за култура, а секако и чест дека Битола е домаќин на конференцијата и да ви посакам добредојде. Живееме во сложени времиња кога човечкиот потенцијал е клучен во премостувањето на предизвиците. Ротари е глобална мрежа составена од луѓе кои решаваат големи проблеми и здружени преземаат акции во полето на писменоста, здравјето, животната средина, мајките, децата… за што е потребна вистинска посветеност. Ротари инетернационал е најголема свестка организација со повеќе од 1,4 милиони членови, лидери кои обиденти 118 години им служат на општетсвото. Оваа организација 92 години е орисутна во нашата земја и затоа ви честитам на сите кои несебично се вложувате за просперитетот на нашата земја. Му честитам и на Раде Христовски како Гувернер и човек кој донесе оваа конференција во Битола.И градоначалникот на Битола им посака добредојде на сите ротаријанци и други гости.-Преку вашето делување настојувате сите заедно да дадеме поголем придонес кон остварување на соништата. Денешната дистрихна конференција е од големо значење за нас, зашто токму Битола е градот домаќин, а сето тоа во насока да ја видам Битола како поубаво мест0 за живеење, општина во која ќе бидат среќни граѓаните. Кај сите присутни денес можад да ја препознаам посветеноста кон остварување на тоа, преку големи проекти, преку големи активности. Верувам дека вашата посветеност ќе продолжи да биде мотив и за други да продолжат да работат за подобро општетсво кое за жал не се создава преку ноќ. Продолжета плански да ги водите Ротари клубот на радост на заедницата.Потоа Гувернерот Раде Христовски пред членовите даде отчет за работењето во оваа година од кога е назначен за Гувербер, за финансиската состојба, за бројот на клубови и членови, за остварување на она што го ветил при изборот, за тоа колку нови клубови се формирани, за бројот на активнсти кои ги има реализирано, за она што му го остава на новиот Гувернер, кој денес беше назначен, а тоа го сторија и неговите најблиски соработници.На ротаријанци кои покажаа особена пожртвуваност им беа доделени посебни значки, а беа доделени и благодарници на Ротари клубот Битола, Драги Милошевски, Владимир Христовски и други…Наташа Несторовска ги претстави резултатите од извршениот избор на проект кој ќе биде помогнат со собраните средства од “fundraising“ кампањата. Секој настан во организација на Ротаријанците со себе носи и хуманитарна нишка. Проектот “BEE STOPS “ на Ротари Клубот Битола Пелистер е избраниот проект.Гувернерот Раде Христовски инсигниите им ги предаде на Андреј Божиќ, новоизбраниот Гувернер на Дистрихтот 1912, на кој му посака успешна работа, по официјалното преземање на функцијата на 3о јуни оваа година.

 

Ротари клубот Битола за тридневна програма, која започна вчера со заедничко следење на  концертот на државните ансамбли на Македонија и Србија, “Танец“ и “Коло“ и заедничко дружење, денес денот започна со посета на Заводот и Музеј во Битола.  Во фицерски дом имаше промоција на книгата “Анталогија“, која настана во време на Ковидот и во која свои творби имаат македонски и словенски автори.Паралелно, во Офицерскиот дом беше поставена продажна изложба на уникатни графики на академскиот сликар Диме Темков, кој е Македонец, а живее и твори во Словенија и, истовремено, е ротаријанец, за што зборуваше Никола Главинче.Утре, 11 јуни, пред заминување, гостите ќе имаат можност за кафе на Широк Сокак, разгледување на Битола и можност за посета на античкиот локалитет Хераклеја Линкестис.

Модератор на Дистрихната кинференција беше Маја Андоновска – Илиевски, а во културно уметничкиот дел настапија секстетот на Камерниот оркестар од Битола и Хорот “Коруновска Арс Нова“ под диригентство на проф. Марина Коруновска.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »