Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напад и проведување за нарушување на ред и мир

На 31.05.2026 во 04.00 часот во СВР Битола И.Б. (22) од Битола пријавил дека на ул. “Глигор Прличев“ во близина на место викано “авионите“ бил физички нападнат од 30 годишник од село Долно Оризари, битолско кој притоа употребил и дрвен предмет. Се преземаат мерки за расчидтување на настанот.

На 31.05.2026 во 00.10 часот на ул. „Титово Ужице” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 29 годишник од Битола бидејќи истиот го нарушувал јавниот ред и мир. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветен поднесок.