Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Еурофарм Пелистер на голот ќе има дипломиран инженер, Бобан Ристевски дипломира на Технички во Битола

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер на голот ќе има дипломиран машински инженер, голманот Бобан Ристевски денес димпломира на Техничкиот факултет во Битола, на машинскиот отсек, а дипломата му беше доделена на денешното свечено доделување на дипломите.

-Една фаза од мојот професионален план денес со добивање на дипломата за машински инженер е завршена. Паралелно со студирањето и се занимавам со ракомет, дел од сум од тимот на Еурофарм Пелистер, а секако ми е мило што сум успешен на двете полиња, образованието и спортот, ни рече Бобан Ристески на денешното врачување на дипломите од Техничкиот факултет.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »