Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Нискоградба“ Битола: набавено ново товарно возило

Комуналното јавно претпријатие “Нискоградба“, го збогати возниот парк со ново возило, камион марка “рено“, кој покрај за подобрување на ефикасноста на зимската служба ќе се употребува и при извршување на градежни работи, односно за пренос на асфалт, песок и друго.

Вкупната вредност на возилото е 12.213.000 денари, од кои 6.000.000 денари се средства обезбедени од Министерството за локална самоуправа, а другата половина се инвестиција на претпријатието.

Со ваквиот начин на работа се подобрува ефикасноста и експедитивноста на претпријатието, како и неговата работа на повеќе локации за кои претпријатието има склучено договори со општината, во функција на подобрување на условите за граѓаните во Битола.

 

More from ВестиMore posts in Вести »