Никола Гацовски, директор на ЈП “Пазари“ за работењето на претријатието денес преку соопштение се обрати до јавноста, во кое се вели:
-Почитувани битолчани, со оглед на актуелноста, дозволете со Вас да ги споделам изворните параметри и податоци за функци нирањето на ЈП “Пазари“ Битола во периодот во кој со него управува актуелното раководство. ЈП “Пазари“ Битола под водство на претходната локална самоуправа генерирало загуба од 2020 година. Таа загуба, во моментот на преземањето на управувањето со претпријатието изнесуваше 3.561.144,00 денари. Во периодот потоа, ЈП “Пазари“ Битола водено од актуелниот менаџмент успева да ја намали акумулираната загуба за половина милион денари споредено со 2021 година и таа сега изнесува 3.149.562,00 денари со тенденција на континуирано намалување.
Ваквите успешни чекори на санација на претпријатието произлегуваат директно од вработените и управата на претпријатието и нивното стручно, посветено и професионално управување со приходите и расходите на претпријатието. Пред се ЈП Пазари Битола во 2022 година и покрај економската криза, успева да постигне зголемување на своите приходи за близу 3.000.000,00 денари споредено со 2021 година. Паралелно, ЈП Пазари Битола успева да одржи целосна ликвидност и во досегашниот мандат на актуелниот менаџмент нема отворени долгови кон добавувачи, односно сите примени фактури навреме се сервисираат па нивното салдо е нула денари. ЈП Пазари Битола, успева до максимум да ги укине непродуктивните трошења.
Благодарение на штедењето и соработката со актуелната локална самоуправа, ЈП Пазари Битола успева да се избори со тешкотиите на глобалната економска криза на кои како јавно претпријатие со скромен буџет и дејност не е имуно и обезбеди средства за целокупното работење, за жал по значително повисоки цени за разлика од оние кои беа во 2021 и 2020 година, кога светот, а и земјава не беа под влијание на се уште актуелната висока инфлација.
Зборувајќи за предизвиците, мудрото алоцирање на скромните финансии кои ги има ЈП Пазари Битола, како едно од најмалите јавни претпријатија во Општина Битола, овозможи актуелното раководство на претпријатието да успее да ги испочитува двете последователни измени на Законот за минимална плата и да обезбеди средства за исплата на два пати, едно по друго, зголемените плати онака како што наложи законот, при што ЈП Пазари Битола во 2022 и 2023 година исплати и ќе исплати скоро 4.000.000.00 денари повеќе за плати споредбено со 2021 година, што е предизвик за секој правен субјект.
Истовремено, наспроти политиката на штедење, ЈП Пазари Битола, делува и развојно и реализира значителниинвестиции во инфраструктура и уредување на Пазарот на големо, Сточниот (преку набавка на нова дигитална вага после 50 години), Млечниот пазар, како и просторот за пазарот за бижутерија видливи за сите корисници на нашите услуги. Развојниот сегмент, менаџментот на ЈП Пазари Битола, го темели на чиста економска логика за самоодржливост, за што претпријатието заедно со локалната самоуправа работи на изнаоѓање на нови решениа за подобрување на финансиската состојба на истото. Ние имаме капацитет да ги извршуваме задачите и тоаќе ни обезбеди свеж прилив на средства кои и тоа како ни се потребни за целосно санирање на претпријатието и подигање на нивото на нашите сервиси за граѓаните. Ова се бројките, базирани само на факти, онакви какви што се во официјалните документи достапни за сите заинтересирани.