Press "Enter" to skip to content

“Интернет- кој кого користи, јас него или тој мене?!“ јавна дебата во Битола на “Про Локал“ (фотогалерија)

Вечерва во Офицерски дом во Битола се одржа јавна дебата на која младите од Пелагонија одбраа да дебатираат за предизвиците со кои се соочуваат во “интернет ерата“ која ја организира “Про Локал“. На дебатата на која младите прво слушаа, а потоа и дебатираа како да научат како и со чија помош да ги надминат емотивните состојби предизвикани од влијанието на интернетот.На трибината беа присутни градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, градоначалникот на Прилеп  – Борче Јовчески, проректорката на УКЛО Битола – проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска, претставници на Меѓунродниот Славјански Институт, психолози и педагози од основните и средните училишта, и секако најповеќе млади луѓе кои се вклучија во дебатата.На почетокот на дебатата на присутните им се обрати претседателката на “Про Локал“ – Емилија Геровска, која се заблагодари на сите за големиот интерес и присуство им им порача на младите од Пелагонија да поразговараат јавно и отворено за менталното здравје и  младите, и гласно да го повторат прашањето кое си го поставуваат секојдневно “Интернет- кој кого користи, јас него или тој мене?!“, и јавно сите заедно да ги изразиме нашите емоции со зборови наместо со емотикони.А, во таа насока и кристалната сала на Офицерски дом во Битола беше “украсена“ со жолти балони на кои беа емотикони, кои го претставуваа одличното расположение и атмосфера на младите кои барааа столче плус, а голем број дебатата ја слушаа и расправаа стоејќи.На ова актулено прашање поврзано со големата актуелност на темата одговорија гостите – панелисти: Станислав Петковски-специјалист по клиничка психологија, Миа Костова – водител и инфлуенсер, Софија Арнаудова – професор од Филозофскиот факултет и Тони Попов- уметник, поет и сценарист.Дебатата ќе ја модерира Живкица Каленикова – автор и водител на ТВ емисиите “Тунел“ и “Жилет“.

Инаку, јавната дебата беше организирана во соработка со девет граѓански организации и неформални групи на млади луѓе од пелагонискиот регион а во рамки на проектот “Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.

More from ВестиMore posts in Вести »