Press "Enter" to skip to content

40 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Вчера  (13.06.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 40 возачи.

Од вкупно 40 возачи ,25 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 15 надвор од населено место.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »